Свет
12. January 2019 - 10:34

Силна експлозија во центарот на Париз, има повредени

Силна експлозија во која има уништени автомобили и оштетени згради, одекна утринава во Париз.

Светските медиуми јавуваат дека во експлозијата која се случила во деветиот кварт во централното градско подрачје, има повредени лица но нивниот број и карактерот на повредите се уште не е познат.

Најмалку една зграда е во пламен, а спасувачките екипи се на терен . Најверојатна причина за несреќата е истекувањето на плин во пекара на приземјето на зградата во пламен.