Силна експлозија во центарот на Мадрид, има починати лица
Силна експлозија одекна во една од зградите во центарот на Мадрид.
Експлозијата се случила на улицата Толедо. Се сруши поголемиот дел од зградата во која одекнала експлозијата. Очевидец изјави дека едно лице е под урнатините. Според „Ел Паис“, експлозијата уништила неколку горни ката на зградата лоцирана на улицата Толедо. Најмалку две лица загинаа, а неколку се повредени, јавија локалните медиуми.
Осум екипи на пожарникари се на лице место, јавуваат локалните медиуми Според првичните информации, до несреќата дошло од истекување на гас. Во тек е евакуација на минувачите и жителите на околните згради. Медиумите јавуваат дека локалното училиште е сериозно оштетено од експлозијата, а чадот што се гледа на видеата снимени на улица наводно потекнувал од старечки дом до зградата каде што се случила експлозијата.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер