Силјановска на јога крај брегот на Охридското Езеро
Гордана Силјановска – Давкова, претседателскиот кандидат поддржан од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, го искористи убавиот сончев ден преку практикување јога – вежби на брегот на Охридското Езеро да собере енергија за престојните активности поврзани со предизборната кампања.
– Јогата е комуникација со себе, со другите, јогата е размена на позитивна енергија потребна во ова време-невреме. Живееме во немир, се чини дека источните народи полесно се справуваат со проблемите на денешницата, и кога е во прашање јогата евроцентризмот не е многу успешен, но во европските училишта јогата се воведува во наставата, па и во фирми и претпријатија, рече Силјановска.
Вели дека за неа јогата не претставува бегство од реалноста, напротив, таа е метод, начин како со умот, духот, срцето да се справите со конфликтната реалност.
– Порано бев многу поревносна, но јога можете да вежбате и сами дома, најмногу во природа зашто една од вежбите е техниката „поздравот на сонцето“, токму тоа значи, се обраќате кон сонцето како извор на животот, барате чиста средина што ја нема, и тогаш сте поподготвени за работа. Мене како никогаш досега не ми била потребна синергија меѓу телото и умот. Наоѓам малку време, но Охрид ми се чини е вистинското место за јогата како филозофија, амбиентот, сонцето, се е денес на мојата страна, рече таа.
Ново на Сител
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско