Сиљановска Давкова во Рим на чествување на Денот на сесловенските просветители
Со посета на базиликата „Свети Климент“, каде се наоѓа гробот на Свети Кирил и на базиликата „Санта Марија Марџоре“ денеска во Рим продолжува посетата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј.
Како што јави специјалниот известувач на МИА од Рим, Сиљановска Давкова ја предводи државно-црковната делегација во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свeти Кирил“, а денеска во базиликата „Свети Климент“ традиционално како и секоја година ќе се одржи молебен на гробот на Свети Кирил. Молебенот ќе го водат митрополитот Дебарско-кичевски, Тимотеј и митрополитот Европски, Пимен.
Македонска црковно-државна делегација утрово имаше поклонение на гробот на свети Кирил во Рим, соопшти Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.
По молебенот, претседателката и делегацијата во базиликата „Санта Марија Маџоре“ ќе положат венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј.
Поклонението на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе” во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 Мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.
За попладнево е предвидена средба на Сиљановска Давкова со нејзиниот италијански колега, Серџо Матарела.
Ново на Сител
-
Аврамовска Мадиќ: Излезноста на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ 54 отсто
-
Деспотовски најави приговори за изборите за претседател на СДСМ
-
За ниедни пари не би пеела за партија | Лара Иванова | ПРОфесија | Sitel Podcast 049
-
Французите масовно гласаат во првиот круг од парламентарните избори
-
Гувернерот на Истанбул ја забрани Парадата на гордоста, го затвори центарот на градот
-
За влез во земјава на „Табановце“ се чека два часа, на останатите премини околу еден час
-
Два хеликоптера на МВР вклучени во гасењето на пожарот кај Василево
-
Најмалку 18 лица загинаа, а 30 се ранети во три напади на жени бомбаши самоубијци во Нигерија