Сиљановска-Давкова во работна посета на Република Казахстан
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Република Казахстан каде што утре, ќе оствари средба со претседателот Касим-Жомарт Токајев и ќе учествува на Меѓународниот форум „Астана 2025“.
Како што информираат од кабинетот на претседателката, во четврток (29 мај) Сиљановска-Давкова ќе се обрати на пленарната сесија на Меѓународниот форум „Астана 2025“, која ќе ја отвори претседателот на Република Казахстан, Касим-Жомарт Токајев.
Обраќања ќе имаат и претседателот на Република Руанда, Пол Кагаме, премиерот и министер за надворешни работи на Државата Катар, шеик Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим ал Тани; премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој, Матијас Корман и поранешниот генерален секретар на Обединетите нации и актуелен претседател на Собранието и претседавач со Советот на Институтот за глобален зелен раст, Бан Ки-мун.
-Форумот што ќе се одржи на 29 и 30 мај на тема „Поврзување на умовите, обликување на иднината“, се позиционира како значајна иницијатива за унапредување на мултилатерализмот и заедничкото дејствување во решавањето на глобалните прашања, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова.
Меѓу клучните теми се геополитичките предизвици, климатските и економските промени на глобално ниво.
Ново на Сител
-
Филипче веќе лобирал кај Европските сестрински партии да го поддржат извештајот за Македонија
-
Трошановски: Извештајот во ЕП е добра можност евроинтеграциите да се заштитат од бугарските барања
-
Граѓански иницијативи бараат итни законски измени за незавнисните кандидати на локалните избори
-
Кичевчани се жалат на неподнослива смрдеа од запалениот смет
-
Сообраќајни експерти предупредуваат - Експресниот пат Штип-Кочани не е безбеден
-
Преглед на вестите од светот
-
Можно ли е деблокирање на спорот со Бугарија?
-
Муцунски на средба со Рубио