Силјановска Давкова во Демир Хисар: Не треба да се бојкотираат овие претседателски избори
Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска се обрати пред граѓаните во Демир Хисар.
Според Силјановска Давкова власта на СДСМ ги изманипулирала граѓаните со референдумското прашање на 30-ти септември, бидејќи прашањето не било соодветно поставено, односно како што рече таа за НАТО не е потребен референдум ако се земе во предвид дека тоа е меѓународна организација и е потреба само одлука донесена од страна на Собранието, додека пак за влез во Европската Унија е потребно да се распише задолжителен референдум.
Оваа власт ги злоупотреби Европската унија и НАТО во референдумското прашање, за да има алиби наместо отворено да праша дали сте за Преспанскиот договор или не, или да праша дали сте за промена на името или не, таа тргна со прашањето дали сте за членство во Европската Унија и НАТО со склучување на Преспанскиот договор. Знаеја дека голем дел од граѓаните се за членство во Европската Унија и НАТО, но што заборави, заборави дека кога ќе гласаме за влез во ЕУ а со нив не верувам дека ќе дојде тој ден брзо, ќе треба да распишеме задолжителен референдум. Заборавија дека за НАТО не е потребен референдум ако го третираме како меѓународна организација, туку е доволно Собранието да донесе одлука, вели Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова истакна дека најголемо загрозување за суверенитетот на една држава е корупцијата и криминалот, потенцирајќи дека власта не само на централно туку и на локално ниво врши непотизам, односно како што рече таа ова во науката се нарекува клиентелизам.
Кои се вашите проблеми. Под еден, невиден раст на непотизам, читам и слушам дека локалната власт е фамилијарна власт. Каде што има фамилијарна власт има односи на потчинетост, ние тоа во науката го викаме клиентелизам, или јас вас ќе ве вработам а вие мене нешто ќе ми дадете, или јас вам нешто ќе ви понудам а вие мене ќе ми должите, а каде што има клиентелизам ќе има корупција и криминал, кажа таа.
Силјановска Давкова додаде дека ќе се бори за правда и владеење на правото бидејќи тие се принципите за кои треба да се залага секој претседател на државата.
Таа побара поддршка од граѓаните масовно да ја подржат кон овој пат се со цел да се донеси правда и правдина во Република Македонија, посочувајќи дека бојкотот не е решение и дека не треба да се бојкотираат овие претседателски избори.
Тим на Кандидат за претседател на Република Македонија, Проф. Д-р. Гордана Силјановска Давкова
Ново на Сител
-
ЦУК: Од вкупно 22 пожари на отворен простор се уште активни се пет
-
Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија
-
Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути
-
Тошковски: Постапуваме за дивоградбите, имаме наредба од ЈО, резултати наскоро ќе бидат видливи
-
Обвинителството поднело жалба за мерката куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл што прегази маж на Кеј и избега
-
Бајач oд скопско наплатил 400.000 евра на брачен пар за да растури „зла магија“ направена на нивниот син | ФОТО
-
Националната мрежа на земјоделци смета дека откупната цена на лебното зрно од 12 денари е ниска
-
ЦУК: Осум пожари на отворен простор, четири се активни