Сиљановска-Давкова се сретна со победниците на „First Lego League Challenge”
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на победничката екипа на Седмиот национален натпревар „First Lego League Challenge“.
Победничкиот тим „The NOOBS - New Original Operational Best Students“ го сочинуваат Петар Копачев, Синиша Шиповиќ, Бодан Николов, Тео Ваљак Трпчевски, Ноа Петковски, Бисера Стојановска, Ален Атанасов, Иван Скалов, Ведран Анастасовски. Во нивна придружба беа Васка Мадиќ и Гордан Анастасов, како претставници на Академијата за роботика и иновации.
Честитајќи им ја маестралната победа и директниот пласман на светското првенство во САД – Florida Sunshine Invitational 2025, Сиљановска-Давкова изразила особено задоволство што ќе се дружи со толку млади, а толку умни деца.
Гордана Сиљановска-Давкова - Победничкиот тим „The NOOBS - New Original Operational Best Students“
Како што информираат од Кабинетот на претседателката, децата го презентирале своето иновативно победничко решение – мултифункционален робот којшто надграден, може да извршува важни мисии: да ги чисти океаните или да ги храни китовите. Тие ја информирале дека изработиле и подморница од титаниум со посебни акрилни светла за истражување на океаните.
Импресионирана од изумот, но и од страста и занесот со којшто ја објаснуваа неговата функција, претседателката истакнала дека „кога нешто се работи со љубов, кога е плод на знаење, ум, труд и посветеност, а особено на тимска работа и взаемна почит, успехот е неизбежен“. Таа потенцирала дека ова признание има посебна тежина и значење со оглед на тоа што “First Lego League Challenge” е заштитен од УНЕСКО.
Гордана Сиљановска-Давкова - Победничкиот тим „The NOOBS - New Original Operational Best Students“
- Вие сте идните научници, математичари и инженери, вие сте носители на прогресот, весници на иднината, рекла претседателката.
Менторите од Академијата за роботика и иновации посочиле дека при рангирањето на тимовите биле земени предвид и сплотеноста на децата и способноста за тимска работа.
Посакувајќи им успех на претстојниот натпревар во САД што ќе се одржи од 24 до 28 јуни, претседателката изразила доверба и поддршка на нивната работа и укажала на потребата од вложување во талентирани деца како нив. Сиљановска-Давкова додала дека нема подобра инвестиција од онаа во образованието и науката, а STEM областите се огромна можност младите да ги покажат и докажат своите способности и својот талент, а својата имагинација да ја преточат во импресивни дела.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Повеќе од 30.000 громови ја погодија Велика Британија
-
Што е „Хаибар“ – новата ракета со која Иран му се заканува на Израел и ќе го „шокира светот“?
-
Иран им се закани на САД, Велика Британија и Франција со напади врз нивните воени бази и бродови ако му помогнат на Израел
-
Во првиот квартал 5.717 купопродажби и 2.327 закупи на недвижности, запишани 2.596 хипотеки
-
Мицкоски: Поддршка за земјоделството, да купуваме македонски производи
-
Иран започна петти бран воздушни напади врз Израел, најави удари и на американските бази на Блискиот Исток
-
Уште една држава се придружи во БРИКС - Виетнам стана „земја партнер“