Сиљановска-Давкова прими претставници на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими основачите на Граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ – Охрид, основана со цел надминување на проблемот со одлагањето и третманот на цврстиот комунален отпад во Општина Охрид.
На средбата во вила „Билјана“ во Охрид еко-активистите ја информирале претседателката за нивните активности во справувањето со отпадот на депонијата „Буково“ и воопшто, со заштитата на животната средина во Охрид и околината.
За нив состојбата со цврстиот отпад сѐ уште е загрижувачка, со оглед на фактот дека депонијата честопати се пали, ширејќи чад со канцерогени материи што стигнуваат до околните населби и до Охрид.
На средбата е разговарано за можното трајно решение врзано за изградбата на регионална депонија, како и за потребата од оневозможување на депонирањето на отпадот, преку Законот за комунална полиција.
Претседателката на средбата иницирала системски пристап кон решавањето на сериозните еколошки проблеми, преку подигнување на еколошка свест и совест низ образовниот процес, од градинките до високото образование, како и низ институциите и соработката со граѓанскиот сектор.
Како што се посочува во соопштението од Кабинетот на претседателката, идеја водилка во заштитата на животната средина мора да биде еколошката филозофија, со акцент дека здравиот живот директно е предодреден од здравјето на природата.
Претставниците на „Збогум Буково“ ја охрабрија претседателката да земе активно учество во чекорите насочени кон конечното затворање на „Буково“, но и другите диви депонии во државата.
МИА
Ново на Сител
-
СДСМ: Младите спасот го гледаат надвор
-
Формално образование и за децата кои се на подолго болничко лекување – повеќе нема да губат настава
-
364 лица во 13 градови во државата се обучуваат да станат пожарникари
-
Преглед на вестите од светот
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот