Сиљановска-Давкова: Потребна ни е политика како уметност на можното
Потребна ни е политика како уметност на можното, наместо политиката што ја живееме во која прашањето е кој, кога и како победува, изјави македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова при пристигнувањето на состанокот на Европската политичка заедница во Копенхаген.
- Ни треба повеќе кантијанизам, наместо макијавелизам, додаде Сиљановска-Давкова.
Според најавите, на собирот на кој главни теми ќе бидат поддршката за Украина и општата безбедносна ситуација во Европа, Сиљановска-Давкова ќе има обраќање на панелот „Безбедност и отпорност – традиционални и нови закани“, со кој ќе претседаваат францускиот претседател Емануел Макрон и албанскиот премиер Еди Рама.
Во пресрет на денешниот собир, учесниците на состанокот на Европската политичка заедница синоќа во кралската палата Амалиенборг во Копенхаген присуствуваа на вечера што во нивна чест ја организираа данскиот крал Фредерик Десетти и кралицата Мери, на чие мени биле гренландски бакалар и дански лисичарки.
MИА
Ново на Сител
-
ДИК ги утврди изгледот и содржината на гласачкото ливче
-
Кашиковски: Ако не биде исплатена августовската плата, од понеделник вработените во „Флораком“ и „Луна“ повторно на протест
-
Ристески: До крајот на годината ќе бидат изречени првите казни за компаниите кои не го почитувале Законот за нефер трговски практики
-
Се прават подготовки за пуштање на топловодната мрежа за грејната сезона
-
Зголемени водостоите на езерата и реките
-
За викендот стабилно време, со ниски утрински температури
-
Три лица фатени при нелегален транспорт на огревно дрво
-
Обвинетите за пожарот на Вардариште признаа вина