Сиљановска-Давкова oствари средба со грчкиот професор Јанис Армаколас
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими грчкиот професор Јанис Армаколас, директор на Програмата за Југоисточна Европа во Грчката фондација за европска и надворешна политика (ЕЛИАМЕП) и на иницијативата „Тhink nea – Нови наративи за интеграција во ЕУ“.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката, професорот Армаколас ја запознал Сиљановска-Давкова со нивната истражувачка работа којашто е фокусирана на проширувањето на Европската Унија.
Сиљановска-Давкова и Армаколас разговарале за можните решенија во насока на откочување на македонските евроинтеграции и за евентуалната опасност од изоставање на некоја земја од Западниот Балкан.
- Се согласија дека од полноправното членство на сите земји од регионот, освен Западниот Балкан, бенефит ќе има и Европската унија, се наведува во соопштението.
На средбата станало збор и за процесот на зачленување на државава во Европската организација за јавно право (EPLO), коешто ќе придонесе за промовирање на владеењето на правото и принципите на ефикасно институционално управување.
МИА
Ново на Сител
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ЗНАМ во Куманово
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ
-
МВР со дронови ќе го набљудува избирачкиот ден, ќе има и дежурни обвинители низ Македонија
-
За пожарот во „Пулс“ ќе му се суди и на сопственикот на агенцијата за обезбедување