Силјановска Давкова од Радовиш: Правото на самоопределување е право на секоја држава и народ
Кандидатот за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова денеска пред граѓаните во Радовиш истакна дека е загрижена од она што оваа влада го има направено во изминатите две години, потенцирајќи дека многу ветиле, а ништо не направиле.
– Од една страна сум среќна бидејќи имам увид во проблемите на мојот народ, вашите проблеми сите ние имаме увид во проблемите, меѓутоа од друга страна на сум толку тажна кога ќе слушнам што се не е решено во овие две години и неколку месеци, а ветено, а со што се не се китат тоа се неверојатни работи, рече Силјановска.
Според неа, на 21 -ви април и на 5 – ти мај СДСМ и Заев ќе ги стигне демократската пресуда на народот. бидејќи, рече, се обидовте да не измамите со живот, но не само што не донесовте живот, туку и ни го загрозивте животот.
Осврнувајќи се на членството на земјава во НАТО, Силјановска Давкова потенцира дека зачленувањето не значи дека Алијансата ќе интервенира во внатрешните односи.
– Не убедуваат дека НАТО е на прагот и дека тоа ќе значи крај на безбедносните проблеми иако сите ние знаеме дека НАТО никогаш не интервенира во внатрешните односи. Не е доволно да го истакнете знамето на НАТО пред владата и да се фалите дека сте зрели не само безбедносно, туку организационо, финансиски, ако сакате и стратешки со НАТО, далеку се тие од тоа. Затоа ќе треба силна работа за ние да станеме компатибилни стратешки финансиски со средства со инструменти, со политики за да можеме да водиме не само регионална безбедносна политика, туку и евроатланска безбедносна политика, вели Силјановска Давкова.
– Исто така слушам дека ова низ нивна призма ќе било четвртата за нив Македонска Република. Каков цинизам, кава хипокризија затоа што според членот 7 од Преспанскиот договор придавката македонска не може да стои пред Републиката, затоа и ја одвоија. Првата Република на Балканот била Крушевската република. Затоа Крушевската република е вткаена во нашата химна. Затоа Крушевската република е врежана во нашите срца, ама тие не ја пеат химната како вие што ја пеете овде, тие ја избришаа историјата на химната, тие ја заборавија суштината на химната, правдините за Македонија, ама тоа ние ќе го реализираме наскоро, објасни таа.
Силјановска Давкова додаде дека правото на самоопределување е право на секоја држава и народ.
– Ние ќе си го побараме и ќе си го вратиме правото на самоопределување на овој народ. Правото на самоопределување не е апстрактно има содржина, а таа содржина вика сами да си го напишете уставот, не под притисок, сами да си го одберете името, знамето, грбот, се што е битна карактеристика на националната држава, вели Силјановска Давкова.
Од Радовиш таа порача дека поради непочитување на волјата на народот, граѓаните на 21-ви април и на вториот изборен круг на 5 – ти мај ќе го делегитимираат ова незаконско и лошо управување на владата на СДСМ и на Заев.
Ново на Сител
-
Прекината седницата за надзор на тајните служби – Реџепи не ги прифаќа барањата на мнозинството
-
Ахмети: Плоштадите ќе бидат полни ако Уставен го допре јазикот
-
Сиљановска отповика седум амбасадори, за назначување нови нема ниту почната постапка
-
Хајрулахи: Кривичната и оддалечувањето од работното место не се поради мобинг
-
Таравари формираше комисија за стручен надзор за смртта на 5 годишното девојче кое почина на детска
-
Во Скопје и денеска воздухот опасен по здравје, владата најави решение за аерозагадувањето
-
Мицкоски: Ако има поскапување на струјата, тоа ќе биде до 3%
-
Македонците онлајн пазарат од македонски продавници, главно облека