Сиљановска-Давкова од Астана Форумот: Потребен ни е свет што проблемите ќе ги решава со принципи, а не со моќ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на отворањето на Меѓународниот Астана форум 2025, што денеска и утре се одржува во главниот град на Република Казахстан на тема „Поврзување на умовите, обликување на иднината“. Таа оцени дека актуелните геополитички и геоекономски потреси, како и повеќекратните кризи, создаваат длабоки тектонски поместувања што ги поткопуваат принципите коишто го обликуваа глобалното управување пред 80 години, соопштија од нејзиниот кабинет.
Укажувајќи дека наместо да се мобилизираат напорите за решавање на итни прашања, како што се мирот и безбедноста, климатските промени, дигиталната трансформација и растечките нееднаквости, како што нагласила, се чини дека правиме чекор назад, кон постар светски поредок, оној на Макијавели, Хобс и Клаузевиц, каде што правилата се заменуваат со моќ.
- Сиљановска-Давкова истакна дека како претседателка на територијално мала европска земја, цврсто верува дека малите, заедно со средните сили, треба да бидат најголемите поддржувачи на ефективниот мултилатерализам со Обединетите нации во неговиот центар, рекла претседателката.
Ова, според неа, бара суштински реформи - Советот за безбедност да се прошири, реформира и демократизира за да стане поотчетен и поодговорен во одржувањето на меѓународниот мир и безбедност, Генералното собрание да го заземе своето заслужено место како главно претставничко тело не само за дебати, туку и за креирање политики, а пресудите на Меѓународниот суд на правдата да станат обврзувачки за сите.
- Осумдесет години по неговото основање, подготвени сме за жена генерален секретар на Обединетите Нации - бидејќи, во свет доминиран од силни мажи со оружје, ни требаат силни жени со мудрост, нагласи Сиљановска-Давкова.
Малите и средните нации, ослободени од хегемонистички амбиции, оценила претседателката, можат да понудат морални насоки и иновативно лидерство потребни за ревитализација на мултилатерализмот, а ова можеме да го постигнеме со градење мостови, почнувајќи од нашите сопствени региони.
Сесијата, како што соопштија од Кабинетот на претседателката, ја отворил претседателот на Република Казахстан, Касим-Жомарт Токајев, а меѓу главните говорници биле и претседателот на Република Руанда, Пол Кагаме, поранешниот генерален секретар на Обединетите Нации и актуелен претседател на Собранието и претседавач со Советот на Институтот за глобален зелен раст, Бан Ки Мун, генералниот директор на ФАО, Ку Донгју и Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе.
Ново на Сител
-
АХВ воведе мерки на засилен надзор на болеста чума кај малите преживари
-
ДСЗИ: При инспекциските надзори во врска со смртта на детето од Кавадарци не се констатирани недостатоци од наша надлежност
-
Возач од кочанско со 2,25 промили алкохол во крвта управувал автомобил
-
Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во дискотеката во Кочани
-
Повредени двајца работници во Пробиштип и Пехчево
-
Малолетници со нож тешко повредиле 55-годишен маж
-
ЕУ воведува сет мерки за подобра заштита на патниците во авиосообраќајот
-
Кисела Вода организираше бесплатна заедничка полуматурска прослава за сите деветтоодделенци