Сиљановска–Давкова - Јандроковиќ: Хрватска како наш докажан пријател може многу да ни помогне со научените лекции во процесот на евроинтеграцијата
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими претседателот на Саборот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ, кој е во официјална посета на земјава.
Обајцата се потсетија на заедничките почетоци на евроинтеграцијата пред дваесет години, но со целосно различен исход.
За претседателката, хрватското евроинтеграциско искуство е релевантна лекција за нас и Хрватска, како наш докажан пријател може многу да ни помогне со научените лекции во процесот на евроинтеграцијата.
Таа ја истакна нашата готовност да се фатиме во костец со Копенхагенските предизвици, доколку не бидеме заглавени во бесмислените билатерални спорови, што се реална закана не само за нас и регионот, туку и за проширувањето на ЕУ.
Претседателот на Саборот на Хрватска изрази став дека заканата со вето од соседите не е фер и дека Хрватска ќе остане наш верен пријател со големо разбирање и поддршка за нас.
Претседателката и претседателот на Хрватскиот Сабор ја потенцираа грижата за македонското малцинство во Хрватска и хрватското во Македонија, коишто прераснале во цврсти мостови на заемна доверба и соработка.
На средбата стана збор за драматичните промени во светскиот поредок, како и за ранливата безбедносна состојба во европски и светски рамки со заложба за трајно руско-украинско мировно решение.
Средбата заврши со согласност да продолжат, да се прошират и продлабочат македонско-хрватските односи во сферата на политиката, економијата, културата, туризмот и спортот.
Претседателката испрати топли поздрави до претседателот на Хрватска кого го очекува во државна посета во мај.
Ново на Сител
-
Израел ќе престане да испорачува струја за Појасот Газа
-
Во Албанија се очекува дијаспората да има влијание на изборите на 11 мај, за гласање регистрирани 246 илјади албански граѓани во странство
-
Мицкоски: „Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог
-
Се запалил автомобил на Бит Пазар, нема повредени
-
20-годишен скопјанец нападнат по недоразбирање во сообраќајот
-
Делови од Центар и Гази Баба утре без вода
-
Кикбоксерите пример за промоција на крводарувањето во Македонија
-
Успешна кикбокс завршница на ВАКО светскиот кикбокс куп “Италија 2025”