Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за шпионажа

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова уверува дека безбедноста е на највисоко ниво и дека нема логичен основ за шпионажа. Вели дека сите дописи што ги добива од НАТО, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и генералштабот се во печатена форма и оти никој освен неа ги нема видено.
- Обвинување за шпионажа е многу сериозно обвинување и мислам дека нема логичен основ за тоа. Ќе објаснам зошто. Имено, шпионажата се однесува на класифицирани или на строго доверливи податоци. Не знам колку знае јавноста, но во Кабинетот не постои електронска мрежа на класифицирани податоци, односно на податоци од доверлив или строго доверлив карактер. Сите документи од доверлив или од строго доверлив карактер, јас и само јас ги добивам во печатена, односно во хартиена форма. Според протоколот, читам, пакувам и го давам на лице од архивата кое поседува највисок сертификат „државна тајна“. Најчесто се враќаат кај испраќачот или одат во архивата. Ако комуникацијата е на ваков начин, објаснете ми со кои податоци, дури и да влезе некој во вашиот компјутер може да посегне по шпионажа? Значи, не постои основ. Затоа и се чудам кога ќе видам разузнавачи дискутираат како сум била во опасност, безбедноста била во опасност заради шпионажа, рече Сиљановска - Давкова во интервју за централниот дневник на Сител.
Вели дека веднаш штом дознала дека има укажување од еден од вработените за упад во компјутерот исконтактирала со Министерството за внатрешни работи.
Претседателката е шокирана и од постапката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое, според неа, не го почитува членот 289 од Законот за кривична постапка во кој се вели дека сите дејствија во предистрагата се тајна.
- Шокирана сум од Јавното обвинителство. Рековте предистражна постапка, а не постапка. Важи ли членот 289 од Законот за кривична постапка за Јавното обвинителство? Сите дејствија преземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се тајна. Како тоа Јавното обвинителство комуницира преку медиуми и раскажува како и на кој начин контактира со Министерството за внатрешни работи? Згора на тоа, слушам една лаичка интерпретација на членот 8 од Законот за јавно обвинителство, каде што се вели дека Јавното обвинителство почитувајќи го принципот на презумпција на невиност, приватен живот, достоинство, слобода на медиуми, правично судење, интегритет и така натаму, како и принципот на отвореност – веројатно од тоа се инспирира – ја информира јавноста за одделни случаи по кои и постапува. Немаме случај ние. Во предистражна постапка нема случај, истакна Сиљановска-Давкова.
Ново на Сител
-

Втор ден од Регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан - МЕФ 2026
-

Николоски: Со нови пет авиолинии, единствена држава сме што отвора нови летови во најголемата авиокриза
-

Николоски: Автопатот Требениште - Струга - Ќафасан ќе се гради, ќе утврдиме во соработка со УНЕСКО по која траса
-

Антонио Кошта денеска во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски
-

Во првиот квартал најбарани работници во услужните дејности и продажбата
-

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словачка, средби со највисокото државно раководство
-

Без струја дел од Бутел и Ѓорче Петров
-

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија
