„СИЛЈАН” во режија на Тамара Котевска е годинашниот македонски кандидат за „Оскар”

Македонскиот филм „СИЛЈАН” во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар” за Најдобар интернационален филм.
Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски – претседател на комисијата и продуцент, Лабина Митевска – продуцент, Даријан Пејовски – режисер, Марија Димитрова – продуцент, Душан Кардалевски – кинематографер, Марина Колоска – прв асистент на камера, Иван Ивановски – режисер на анимиран филм, Братислав Зафировски – тон мајстор и Горан Игњатовски – автор на филмска маска. Деветчлената комисија одлуката ја донесе едногласно.
Годинава, комисијата избираше помеѓу три извонредни македонски филмски остварувања, и тоа: „Ди Џеј Ахмет” на Георги Унковски, во продукција на Синема Футура, „Силјан” на Тамара Котевска во продукција на Concordia и „Планината не оди никаде” на Петра Селишкар во продукција на Cinepaqe Production.
При својот избор, комисијата која имаше навистина тешка задача, беше водена од синеастичката вредност на филмските дела, „силината” на приказната што ја обработува секој од филмовите, нивната наративна, драматуршка и пикторална компонента, како и критичкиот осврт кон актуелната општествена и политичка стварност.
Друштвото на филмските работници на Македонија е задолжено за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм” од самото осамостојување на Македонија, кога од американската Академија за подвижни слики (AMPAS) беше препознаено како единствена релевантна институција за комуникација, селекција и кандидатура на македонски претставник за наградата.
Ново на Сител
-

На бриселскиот аеродром запленет кокаин во вредност од 4,3 милиони евра
-

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Градско – Велес поради сообраќајна несреќа
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

10.210 сообраќајни прекршоци до сега во месец ноември, приведени 55 лицa за безобзирно управување на возило
-

Костадиновски: Лојалноста кон Уставот е должност на секој граѓанин
-

Грција одбележува 52 години од студентскиот бунт против воената хунта - Атина под силни безбедносни мерки
-

Скандал со „златниот тоалет“: Зеленски се соочува со најдлабоката криза досега, додека соработници се обвинети за шема од 100 милиони долари во време на војна
-

Едно лице следено, нападнато и ограбено спроти трговски центар во Скопје
