Свет
22. October 2025 - 8:33

Силен земјотрес во Костарика

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Костарика, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Како што се наведува, епицентарот на земјотресот бил на 43 километри од главниот град на Костарика, Сан Хозе, на длабочина од 31 километар.

Според изјавите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, потресот бил силен и траел долго.

 

МИА