-->
-->
Силен земјотрес регистриран вo близина на Индонезија
-->
Силен земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Бандското Море во близина на брегот на Индонезија, но нема опасност од цунами, соопштија индонезиските власти.
Земјотресот бил на длабочина од 33,9 километри, со епицентарот на 151 километри југоисточно од пристаништето Амбон на Молучките Острови.
Индонезискиот центар за предупредување на цунами соопшти дека нема опасност од појава на големи бранови.
Засега нема информации за евентуални човечки жртви или причинета материјална штета.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван во Охрид и околината
-
Израел и Иран продолжуваат да разменуваат воздушни напади преку ноќ
-
Сончево и малку посвежо со локална облачност
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид
-
САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток