-->
-->
Силен земјотрес на Балканов утринава
-->

Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран изутринава на островот Самос во Егејското Море.
Според Сеизмолошкиот инстутит во Атина, епицентарот на земјотресот е локализиран на 17 километри североисточно од островот, на длабочина од десет километри.
Нема информации за евентуални жртви или за причинета материјална штета.
Во меѓувреме вторичен потрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтероварата скала, синоќа го погоди градот Јанина во северозападна Грција.
Научниците се поделени во мислењата дали потресот од 5,3 степени, кој во саботата беше регистриран во регионот, бил главниот, со оглед на тоа дека по него се регистрирани стотици вторични потреси во областа Епир.
Поради сеизмичката активност училиштата, универзитетите и админстративните служби во Јанина денеска нема да работат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ќе продолжи ли повластеното ДДВ кај дизелот од понеделник?
-

Еврокодови за посигурни градби: Ќе поскапи ли квадратот?
-

Седум дена нема хоспитализиран пациент со западно-нилска треска
-

Конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“
-

Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор во САД
-

Заседава раководството на СДСМ
-

Царина разоткри шверц на 70 милиони парчиња цигари, оштетен државниот буџет за над шест милиони евра
-

Пецов - Ѓаволот призна вина, доби две години условнa
