Свет
19. August 2018 - 15:00

Силен земјотрес кај Фиџи предизвика мало цунами

Силен подводен земјотрес, со јачина од 8,2 степени, според Рихтеровата скала, забележан е кај Фиџи.

Земјотресот предизвикал мало цунами. 

Американскиот геолошки завод соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од 560 километри. 

Според првичните информации, нема повредени лица, ниту пак се предизвикани материјални штети.