Силекс со 10 играчи победи во Гостивар, прв триумф на Вардар
Подвиг на Силекс на гостувањето во Гостивар каде славеше со 2-1.
Екипата од Кратово речиси целото второ полувреме го одигра со играч помалку но и во таква ситуација постигна гол за три важни бода во битката за горниот дел на табелата.
Гостите први и го отворија резултатот кога домашниот играч Гоба Закпа си постигна автогол во 40-тата минута.
Поранешниот играч на Силекс Ангелче Тимовски кој го засили Гостивар успеа да израмни во 64-тата минута но не за долго откако Ристовски на 15-минути до крајот ги шокираше домашните фанови и донесе триумф на Силекс од 2-1.
Прва победа за Вардар во прволигашкото друштво по враќањето во Елитата.
Црвено црните водеа со 2-0 против Македонија ЃП со головите на Мицевски од пенал и Омерагиќ. Гостите од Ѓорче Петров почесниот погодок го постигнаа во последните секунди од средбата. Стрелец Величковски.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар