Loading Video...
Фудбал
22. November 2020 - 17:59

Силекс поразен од Беласица, катастрофално судење на Стојановски

 
 
„Легендите живеат вечно“ – со овој транспарент, облечени во бели маички, фудбалерите на Силекс денес му оддадоа почит на Љубисав Иванов – Ѕинго, човекот кој со својата визија и вложувања направи многу за македонскиот фудбал, но и за својот клуб Силекс.
 
Мечот меѓу Силекс и Беласица започна со едноминутно молчење во чест на починатиот Иванов, а веќе во првата минута кратовци можеа да поведат, но Ѓуриќ задоцни за дел од секундата.
 
Возвратија струмичани во дваесетата минута, кога Каланоски не успеа да го совлада Трајковски.
 
Во финишот на првиот дел Ѓуриќ го совлада Ѓорѓиев, но судијата Стојановски процени дека имало прекршок над голманот. Марјан Стојановски и во вториот дел пресуди на штета на домашниот тим, откако ударот на Мустафов со рака го запре Митевски, а наместо на белата точка, судијата покажа играта да продолжи.
 
И кога мирисаше на реми, во финишот на мечот Каланоски побегна по десната страна и со убав погодок му донесе триумф на својот тим.
 
Во судиското продолжение кратовци бараа најстрога казна по стартот врз Додевски, но судијата Стојановски на општо изненадување, покажа фаул во напад.