Loading Video...
Фудбал
18. May 2021 - 17:01

Силекс и Академија Пандев подготвени за финалето во Купот на Македонија

Екипите на Силекс и Академија Пандев подготвени го очекуваат финалниот натпревар во Купот на Македонија преку кој  ќе се обидат обезбедат излез на европската сцена. 

Утре на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, Силекс и Академија Пандев ќе се борат за куп трофејот. 

„Пандевци„ на некој начин се бранители на трофејот, откако пред две сезони до во финалето беа подобри од Македонија ЃП, додека минатата сезона не се одигра завршниот натпревар. 

Силекс пак, по пауза од 24 години ќе го игра своето четврто финале, во кое ќе атакува на третиот трофеј во ова натпреварување. 

Финалниот меч ви Купот на Македонија меѓу Силекс и Академија Пандев кој ќе се игра утре, ќе започне во 19 часот.