Сијарто: Војната меѓу Украина и Русија не е унгарска војна

Шефот на унгарската дипломатија и трговија, Петер Сијарто, по забраната за влез во Унгарија и Шенген зоната на командантот на украинската единица за дронови, Роберт Бровда, која неодамна го нападна нафтоводот „Дружба“, синоќа изјави дека војната меѓу Украина и Русија не е унгарска војна.
Ваквата реакција на Сијарто следеше по изјавата на неговиот украински колега, Андриј Сибиха, дека е „бесрамно“ да му се соопштат овие мерки на украински војник на денот кога во рускиот напад врз Киев загинаа повеќе од 20 лица.
„Ова не е наша војна. Ние не сме одговорни за неа, ние не ја започнавме, ние не учествувавме во неа. Престанете да нè провоцирате, престанете да ја ризикувате нашата енергетска безбедност и престанете да се обидувате да нè вовлечете во вашата војна“, напиша Сијарто на социјалната мрежа X.
Претходно, Сибиха ја нарече „бесрамна“ унгарската забрана за влез во земјата и во Шенген зоната за украински војник на денот на рускиот напад врз Киев.
„Колку е бесрамно да се објавува ова по бруталниот напад на терористичката држава Русија. Петар, ако рускиот гасовод ти е поважен од украинските деца убиени од Русија утрово, ова е морален распад. Унгарија е на погрешната страна од историјата“, рече Сибиха.
Претходно вчера Сијарто, изјави дека владата на неговата земја одлучила да му забрани влез во Унгарија и во Шенген зоната на командантот на украинската воена единица Роберт Бровда, која неодамна го нападна нафтоводот „Дружба“.
Тој истакна дека последниот воздушен напад врз нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта во Унгарија, бил „напад врз суверенитетот“ на земјата, објави МТИ, истакнувајќи дека забраната важи за сите членки на ЕУ и за целата Шенген зона, и дека предупредувањето е вклучено во Шенгенскиот информативен систем.
Нафтоводот „Дружба“ испорачува руска нафта во Унгарија, Словачка и Чешка, кои се ослободени од забраната на Европската Унија за увоз на сурова нафта од Русија.
Од почетокот на август, Будимпешта пријави три напади од страна на украинските вооружени сили врз нафтоводот „Дружба“, на 13, 18 и 22 август.
Последните два напади доведоа до прекин на снабдувањето со нафта, оставајќи ги Унгарија и Словачка без снабдување пет дена.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
-

Еколошката „бомба“ кај Пробиштип конечно ќе се санира
-

Преглед на вестите од светот
