Сијарто: Во Украина гинат Унгарци
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави за ТВ Н1 Хрватска дека Киев регрутира некои од 150.000 Унгарци од етничката заедница во Украина и ги испраќа на „првата борбена линија“ каде што гинат.
ТВ Н1 Србија во неделата вечерта објави дека во интервјуто снимено во четвртокот за време на неговата посета на Загреб, Сијарто оценил дека позицијата на Унгарија се разликува од другите во Европската унија затоа што „не гинат дански или германски војници во оваа војна, туку Унгарци“.
Сијарто рече дека сега „воената реторика е многу посилна од разговорите за мир“, дека Владата на Унгарија апелира за прекин на огнот и итни мировни преговори и се надева дека „европската и трансатлантската заедница ќе ја усвојат унгарската позиција“.
Сијарто рече дека во Украина „јасно е кој кого нападнал, а Будимпешта ја осудува Русија за војната“, но дека „очигледно постојат две страни во војната“ и дека се надева дека страните ќе разговараат бидејќи „двете страни сакаат одржлив мир“.
Запрашан за можноста премиерот Виктор Орбан да го посети Киев, Сијарто рече дека Орбан добил покана и „кога ќе се создадат услови, може да има посета“.
Ново на Сител
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
