Сијарто: Унгарците нема да ја плаќаат цената на војната во Украина
Унгарската влада инсистира на тоа дека Унгарците нема да ја плачаат цената на војната во Украина, изјави синоќа министерот за надворешни работи Петер Сијарто.
Сијарто за локален медиум изјави дека Унгарците на никаков начин не се виновни за избувнувањето на војната во Украина, па доколку Европската комисија има намера да воведе ембарго на руската нафта, мора да гарантира дека тоа нема да влијае на Унгарците или на унгарската енергетска безбедност.
Доколку во моментов се усвои ембаргото за нафта, што е дел од шестиот пакет санкции на Европската комисија, Унгарија нема да може да ја добие суровата нафта што и е потребна за да ја одржи економијата, рече министерот за надворешни работи.
Владата ќе го прифати предлогот само доколку „ЕК понуди решение за проблемот што го создаде“, рече тој.
Првиот проблем е што унгарските рафинерии за нафта ќе треба да бидат технички модифицирани, што ќе чини 500-550 милиони евра. Ако Унгарија мора да увезува сурова нафта од други извори освен од Русија, цените на горивата ќе пораснат за 55 до 60 проценти.
Сијарто додаде дека членките на ЕУ се согласиле во Париз пред неколку месеци дека секој чекор за намалување на зависноста од руската енергија ќе мора да ја земе предвид специфичната ситуација на секоја земја.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација