Сијарто: Проблемот е што со Европската Унија владее елита

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, вчера оцени дека најголемиот проблем на Европската Унија е тоа што во Брисел се наоѓа „либерална, провоена политичка елита“ која не ги заснова одлуките на реалноста.
– Верувам дека најголемиот проблем е тоа што со Европската Унија во моментов владее исклучително либерална, провоена политичка елита која во основа е многу фрустрирана од сопствениот недостаток на успех и ги заснова своите одлуки на разни луди идеи наместо на реалноста, рече Сијарто.
Тој напомена дека „грешките на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и на другите високи функционери во Брисел доведоа до тоа ЕУ да престане да биде сериозен политички фактор, како и до падот на конкурентноста на европската индустрија“, пренесува МТИ.
Сијарто рече дека раководството на ЕУ ја изолирало Европа од клучните играчи во глобалната политика и „премногу ги идеологизирало и политизирало“ прашањата како што се економијата и снабдувањето со енергија, додека „константно ги осуетува напорите за мир“.
Говорејќи за Украина, Сијарто напомена дека унгарската Влада е под голем притисок да ја промени својата политика која, како што оцени, се залага за мир, додавајќи дека очекува тој притисок дополнително да се зголеми во иднина.
– Ќе истраеме како и досега и ќе останеме надвор од војната и ќе ја одржуваме политиката на економска неутралност. Сè додека Унгарија има патриотска влада, ќе можеме да се држиме настрана од војната, рече тој.
Сијарто сепак предупреди дека, ако Брисел наметне „марионетска влада“ на Унгарија, земјата ќе се соочи со зголемена миграција, ќе ги изгуби мерките за заштита на семејството и ќе се вмеша во војната.
– Либералниот мејнстрим нè смета за некаква егзистенцијална закана, затоа во иднина ќе направат сè за да нè отстранат од власт, додаде тој.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати
-

Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
-

Двајца странски државјани безбедно извлечени од Пирибег
-

Армијата презентираше дел од современата воена опрема и вооружување во Куманово
-

Шест полицајци ќе бидат суспензирани за случајот со претепаните момчиња
-

Уапсен Босанец, кај Катланово возел 164 км/ч на место каде што дозволено е 80
-

Осомничените се обиделе да прегазат полицајци и одзеле пиштол, синдикатот реагира на политизација на случајот
-

Мицкоски: Македонија е поголема од секоја политичка генерација, целта е посилна татковина
