Сијарто: Европските политичари се најжестоките противници на мирот во Украина
Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, изјави дека европските политичари во моментов ги претставуваат „најжестоките противници на мирот во Украина“, обвинувајќи ги дека се обидуваат да избегнат одговорност за своите претходни одлуки, со што ја продолжуваат војната.
Сијарто рече дека европските лидери немаат интерес да постигнат мир, туку дека „секој ден додаваат масло на огнот“ и ја влошуваат ситуацијата, објави МТИ.
Тој нагласи дека Европа дала погрешни одговори на војната од самиот почеток, со што дополнително ја загрозува економската, социјалната и безбедносната стабилност.
Според него, ако војната заврши со договор сличен или дури и помалку поволен од оној што Украина успеа да го постигне пред три години, многумина може да се запрашаат зошто не е постигнат договор порано.
„Европските лидери можат да избегнат политичка одговорност сè додека трае војната… но кога ќе заврши војната, ќе мора да се соочат со таа одговорност“, рече Сијарто, додавајќи дека украинскиот претседател ќе се соочи и со прашањето зошто не го потпишал Истанбулскиот договор во април 2022 година, што сигурно би било подобро од ситуацијата што ја има Украина денеска, три и пол години подоцна.
Тој зборуваше и за притисоците врз унгарската Влада во врска со ставот кон членството на Украина во Европската Унија.
Според него, постои силен притисок Унгарија да ја промени својата позиција, а опозицијата во земјата се обидува да делегира „кукла“ за премиер со цел да се олесни влезот на Украина во ЕУ.
Тој истакна дека, спротивно на најновите медиумски шпекулации, не е Русија таа што се меша во унгарските избори, туку Брисел, Европската комисија и Европската народна партија (ЕПП).
Унгарскиот министер за надворешни работи нагласи дека целта на опозицијата е да ја преземе власта и да го олесни брзото членство на Украина во ЕУ.
МИА
Ново на Сител
-
Групна тепачка во Батинци, учествувале 11 лица, употребени и остри предмети
-
ЦУК: Вкупно 12 пожари на отворен простор, два активни, еден под контрола и девет изгаснати
-
Пожарот кај Вардариште ставен под контрола, постепено се вклучува струја во Аеродром и Ново Лисиче
-
Телефонската линија 192 повторно е во функција
-
Четири лица, меѓу кои две малолетни тешко повредени откако се преврте автомобил на автопат
-
Папата повика на прекин на огнот во Украина: „Оружјето мора да замолчи“
-
СВР Скопје: Поради технички причини не е во функција телефонскиот број 192
-
Поради пожар на Вардариште без струја Аеродром и Лисиче