Сигурно и вие грешите кога се туширате: Прочитајте што мора да промените веднаш!
Според статистиката човек просечно поминува година и половина во тоалет, а дури шест месеци поминуваме во туширање. Овој факт не е изненадувачки, бидејќи хигиената игра значајна улога во нашите животи. Сепак, некои луѓе погрешно се тушираат, пренесува The Bright Side.
Една од многуте грешки кои луѓето ги прават е избегнување на туширање после телесна активност. Туширањето не се применува само поради отстранување на непријатен мирис, туку и поради спречување на ширење на бактерии предизвикани од потењето на вашата кожа.
При завршувањето со туширање, исклучете ја топлата вода и завршите го туширањето со ладен млаз вода. Ова ќе ви ја зголеми отпорноста на стрес, ќе ви го зајакне имунитетот и ќе функционира како анти депресив.
Меѓутоа, ако ова го правите пред спиење голема е веројатноста дека ќе имате несоница.
Премногу честото туширање може да ја исуши и дехидрира кожата, бидејќи водата ги отстранува и бактериите добри за кожата.
Важно е да се нагласи дека косата не е препорачливо да се мие повеќе од два пати неделно, бидејќи премногу шампон го суши и оштетува влакното.
Експерти препорачуваат бричот да не го оставате во туш кабината, бидејќи така се собираат бактерии кои потоа ќе ја оштетат вашата кожа. Наместо така, оставете го на сува крпа.
Крпата не треба да се користи влажна и треба да се испере откако максимално три пати ќе ја искористите.
Многу луѓе мислат дека при туширање не е потребно посебно да се мијат нозете, бидејќи сметаат дека ќе ги измие водата и сапунот од остатокот на телото.
Меѓутоа, експертите препорачуваат да се посветите на миењето на нозете, бидејќи во спротивно оставате простор за собирање на бактерии
Ново на Сител
-

НБА ги објави почетните состави за натпреварот на ѕвездите
-

Приведени четири возачи, управувале возила под дејство на алкохол, а двајца предизвикале и сообраќајни незгоди
-

Пиштол пронајден во „шкода“ на територија на Кисела Вода, приведен 37-годишен скопјанец | ФОТО
-

Куманово: Во 1 по полноќ влегле во кафана бидејќи сакале да пијат алкохол, газдата не им дозволил па го истепале
-

Грчките земјоделци денеска ќе одлучат дали ќе продолжат со протестите и блокадите или ќе се повлечат
-

Стручно мислење: Автомобилскиот екран на допир може да биде поопасен од телефонот
-

Добивка за сите: Државна лотарија во служба на заедницата во 2025 година
-

РСБСП со апел за зголемена безбедност на децата во сообраќајот
