Си: Кина се соочува со сериозна ситуација, вирусот се шири

Кинескиот претседател Си Џинпинг одржа состанок на Политбирото на Комунистичката партија за мерките за борба против ширењето на коронавирусот, објави денеска државната кинеска телевизија.
– Земјата се соочува со сериозна ситуација во која коронавирусот брзо се шири, рече Си на состанокот.
Ресурси и експерти ќе бидат испратени во болниците за лекување на сериозни болести, третманот нема да биде одложен поради трошоците, а снабдувањето ќе биде загарантирано за провинцијата Хубеи и нејзиниот главен град, Вухан, пренесува ЦТВ.
Информациите за ширењето на вирусот мора да бидат точни, брзи и транспарентни, јавува оваа телевизија. Една од одлуките е да се формира работна група за борба против ширењето на вирусот.
Кинеските власти денеска воведоа забрани за сообраќај во уште три други градови за да спречат ширење на коронавирусот, поради што отсечени од светот се повеќе од 50 милиони луѓе во вкупно 16 градови.
Од новиот коронавирус, што избувна во кинескиот град Вухан, досега починаа 41 лице, а повеќе од 1.300 луѓе се заразени ширум светот.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
