Свет
12. March 2018 - 15:13

Си: Кина е на иста линија со Сеул за Корејскиот Полуостров

Кина е „на иста линија“ со Сеул за Корејскиот Полуостров, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг на средбата со шефот на Јужнокорејската национална канцеларија за безбедност Чунг Еуи-џонг во Пекинг.

Си посочи дека се надева на добар корејски самит и ги поддржа разговорите планирани помеѓу Северна Кореја и САД.

Чунг е во посета на Кина. Тој во неделата се врати од САД, каде го предаде писмото со понуда за дијалог на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со американскиот претседател Доналд Трамп за нуклеарната програма на Пјонгјанг.

Севернокорејските медиуми до денеска немаат објавено ништо за планираната средба помеѓу Ким и Трамп.

Севернокорејскиот весник „Родонг синмун“ објави само кус текст за минатонеделната посета на високите јужнокорејски претставници, без да ги спомне плановите за американско-севернокорејски самит.

Отсуството на потврда од  Пјонгјанг предизвика скептицизам дали Ким сериозно размислува да се откаже од нуклеарното оружје.