Си и Трамп: Кина е способна да ја спречи епидемијата на коронавирусот

Кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Кина „во целост е способна“ да ја спречи епидемијата на коронавирусот.
Како што пренесуваат кинеските медиуми, Трамп од своја страна „изрази уверување“ во способноста на Кина да се соочи со предизвикот од епидемијата на коронавирусот, изјави портпарол на Белата куќа.
Си рече дека Кина започна „народна војна“ против епидемијата воспоставувајќи „национална мобилизација“ и „најостри мерки за спречување и контрола“, пренесе кинеската телевизија.
Си упати апел до САД „разумно“ да реагираат на епидемијата, пренесуваат кинеските медиуми.
Бројот на лица кои досега починаа со последици од коронавирусот во Кина надмина 630, а вкупно се заразени повеќе од 31.000.
Ново на Сител
-

Изборен молк
-

Гласаат изнемоштени, болни и затвореници
-

Цеца на концерт во Велес развеа бугарско знаме
-

Бугарија забрани извоз на нафта, Македонија нема да биде погодена од ваквата мерка
-

Македонски Каритас преку проект ги мотивира младите за кариерен развој
-

Дневно во Клиниката „Козле“ имаат по 150 прегледи на болни деца
-

Рапиден раст на бројот на пациентите со мозочен удар
-

Балканскиот рис исчезнува
