Си Џинпинг: Не сакаме да ја наметнуваме својата волја туку соработка

Кинескиот претседател Си Џинпинг апелираше денеска на тесна соработка меѓу државите од Азија и Европа во области од борба против тероризам до финансии.
Си се обрати на учесниците на меѓународнито форум што се одржува денеска и утре во Пекинг и зборуваше за проектот Еден појас, еден пат. Форумот се заснова на стратегија што кинескиот претседател ја покрена во 2013 година со цел создавање инфраструктура и поблиски односи на државите од Евроазија долж новиот Пат на свилата – коридор за испорака на стоки од истокот.
Си нагласи дека неговата влада „не сака да ја наметне својата волја на другите“ и повика на економска интеграција и соработка на полето на финансиски регулации, борба против тероризмот и безбедноста.
– Би требало да негуваме визија за заедничка, сеопфатна кооперативна и одржива безбедност и да создадеме безбедносно опкружување што ќе го изградат сите и ќе го делат сите, рече Си.
Тој повика да се интензивираат акциите против тероризмот и причините за сиромаштијата и социјална неправда.
На форумот се присутни лидери на 29 држави.
Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека економскиот развој ќе придонесе за политичка стабилност.
– Русија смета дека за иднината на евроаазиското партнерство не е само негување на односите меѓу неколку држави и економии, нагласи Путин. Тој доаде дека тоа треба да го измени политичкиот и економски пејзаж на континентот донесувајќи и на Евроазија стабилност и просперитет.
Ново на Сител
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
-

Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
-

Велигден во Пјаченца: Стотици Македонци се обединија во молитва и заедништво
-

Државниот врв го честиташе Велигден - воскресението Христово да биде поттик за уште поголемо разбирање
-

Велигден во Скопје во мирна и семејна атмосфера
-

Преглед на вестите од светот
-

Иран: Ормутскиот теснец е под наша контрола, бродовите мора да плаќаат такса
-

Прилепската болница за прв пат доби апарат за оптичка кохерентна томографија
