Шверцери отвориле оган врз полицијата во северно Косово, уапсени пет лица
Косовската полиција уапсила пет лица, од кои четворица од српска и еден од албанска националност, по престрелката што рано утрово се случила во северно Косово, во општина Зубин Поток, во близина на границата меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Заменикот директор на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани изјави за медиумите дека полициска единица наишла на три возила и едно комбе, за кои се претпоствува дека се користеле за шверц на стоки и при тоа во правец на полицијата бил отворен оган од огнено оружје.
Ељшани информира дека во претстрелката која настанала по нападот врз полицијата немало повредени, а дека покрај петмината уапсени во шверцерската група имало уште едно лице, по кое се трага.
– Денеска во раните утрински часови во околината на Зубин Поток (во селото Чечево), полицијата наиде на комбе и неколку возила за кои се верува дека шверцуваат стоки.
При обидот да се запрат, дошло до претстрелка, во која нема ранети. Пет лица се уапсени, четворица Срби и еден Албанец, а по еден се трага. Запленети се комбе и три патнички возила.
Во комбето се откриени шверцувани цигари. Настанот се случи околу три часот наутро, се вели во изјавата на Ељшани за медиумите.
Ново на Сител
-
Тоа што потекнувам од мала земја беше мојот поттик да успеам | Славчо Темелковски | Sitel Podcast 114
-
ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Кирк
-
ЦУК: Под контрола пожарот кај депонијата Дрисла, изгаснати 10 пожари
-
Следните два дена ќе се одвива авионска дезинсекција против комарци на подрачјето на град Скопје
-
Зеленски: Безбедносните гаранции можат да се воведат и пред крај на војната
-
Од 1 Јануари идната година минималецот во Србија ќе биде 551 евро, зголемување за 36 отсто во однос на 2024 година
-
Трамп постхумно ќе го одликува Кирк со Претседателски медал на слободата
-
Газета дело спорт: Ѓоковиќ се пресели во Атина