Шверцери на цигари побегнале од полицијата, стоката ја оставиле
Регионалниот Центар за Гранични Работи Исток- ПС за ГН Пехчево спречи криумчарење на поголема количина цигари без бандерола, односно по претходно добиени сознанија за постоење на лица кои вршат шверц на акцизна стока преку државната граница превземени се мерки за обезбедување на лицата и документирање на кривичните дела.
Имено на 24ти овој месец околу 05.20 часот во близина на м.в „Чемериков преслап“ атар на Пехчево од страна на полициски службеници било забележано теренско возило „Jeep“ без регистерски ознаки кое се движи по земјен пат во правец од м.в „Бреза“ према државната граница, а во возилото се превезувале две лица.
Од страна на полициски службеници на возачот му бил даден знак за запирање на возилото, но истиот не ја почитувал наредбата ја зголемил брзината на движење и продолжил према Граничен камен 46, по што возилото го оставиле во близина на државната граница додека лицата побегнале.
По пронаоѓање на возилото бил извршен увид на местото на настанот, по што возилото и цигарите (во вкупна количина од 1505 штеки од марките „Грација Делукс“ и „Сани Слимс“) биле одземени за понатамошна постапка. Исто така по преземени мерки од страна на полициски службеници бил лишен од слобода О.К. од Берово за кого постојат сомненија дека се превезувал во возилото во кое била пронајдена акцизната стока, додека по второто лице сеуште се трага.
Ново на Сител
-
АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната
-
СВР Битола со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи
-
Воена вежба „Junction City 2025“ на армискиот полигон Криволак
-
Утврдени финалистите за наградата „Сахаров“ за 2025 година
-
Светски ден на храната и 80 години од основањето на ФАО: Храната не е само потреба, туку и достоинство, здравје, иднина, култура и идентитет
-
Политико: ЕУ има пет години да се подготви за војна
-
Уште една измама со лажна сообраќајка, измамена 82-годишна скопјанка за сума од 4.000 евра
-
До сабота променливо облачно со повремен дожд