„Шверцери“ го демолираа МНТ и порачаа „Вие немате историја“
Со извиците „Вие немате историја“, дивеење, истакнати транспаренти и недолични скандирања, навивачката група „Шверцери“ го одбележа 30-тиот роденден во петокот вечерта во новата зграда на Македонскиот национален театар.
Според неофицијални информации, Министерството за култура дозволило, навивачката група својот роденден да го прослави во една од најубавите македонски културни институции.
На прославата биле присутни и големи фудбалски имиња кои биле дел од клубот од Чаир, на бината биле поздравени поранешните македонски репрезентативци Горан Станковски, Гого Јовчев, Зекирија Рамадан, Арбен Нухиу, Арѓент Беќири... беше и поранешниот македонски селектор Ѓоре Јовановски. Присутен бил и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој пред неколку години беше и тренер на екипата.
Во продолжение видеото објавено од Игор Дурловски на кои може да се слушне дел од невкусното скандирање и дивеење во МНТ.
Ново на Сител
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење