-->
-->
Швеѓанец на клупата на Норвешка
-->
Шведскиот тренер Ларс Лагербек е нов селектор на фудбалската репрезентација на Норвешка, соопшти Фудбалскиот сојуз на оваа земја.
Лагербек на селекторската функција го наследи Пер-Матијас Хегман кој поднесе оставка по лошиот старт во квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија. Норвешка на четири натпревари освои само три бода.
Лагербек е докажан стручњак во скандинавските држави, успешни резултати бележеше со Шведска, а со Исланд беше најпријатното изненадување најпрвин во квалификациите за Европското првенство во Франција, а потоа и на самото првенство, кога успеа да стигне до четвртфиналето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голем пожар во Дрисла
-
Голем пожар во Дрисла
-
Тема на денот со Радмила Шеќеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратеници утре на надзор во АНБ
-
ЈО со обвинение против Хајрулахи и Цветановски
-
СДСМ обвинува за спорен тендер
-
До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички