Шведската крајбрежна стража се обидува да спречи истекување на дизел од заринкан траект
Шведската крајбрежна стража денеска работи на спречување на истекување на дизел од траект што вчера заринка крај јужниот брег на Шведска.
- Знаеме дека дамката во моментов се протега на повеќе од пет километри од брегот. Спасувањето на животната средина е приоритет, а тоа вклучува отстранување што е можно повеќе дизел од водата за да се зачуваат плажите што е можно повеќе, изјави координаторот на операциите за чистење.
Покрај операциите за чистење, крајбрежната стража ги истражува причините за заринкувањето и последователното излевање на горивото.
Фериботот Марко Поло на компанијата TT-Line вчера изутрина се заринка во јужна Шведска со 75 патници, кои брзо беа евакуирани.
Отворена е прелиминарна истрага бидејќи горивото се излеало до брегот.
- Бродот се заринка, а потоа го продолжи својот пат неколку километри испуштајќи гориво додека повторно не се заринка, каде што е сега, соопштија властите и додадоа дека се обидуваат да откријат колку гориво истекло.
Ново на Сител
-

РК Вардар во ретро дресови ќе го прослави 65 роденден
-

Трамп: Израел не ме убеди да го нападнам Иран, тоа беше моја одлука
-

Министерство за здравство: Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија
-

Уапсени две лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без дозвола, еден возел во спротивна насока
-

Уписите на првачињата почнуваат во мај
-

Трамп: Денеска ќе биде потпишан договор со Иран
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
