Шведска воведува задолжително служење на воен рок

Шведска објави дека од 2018 година повторно воведува задолжително служење на воен рок, осум години по неговото укинување.
Скандинавската земја, која не претрпела никаков вооружен судир на нејзината територија веќе два века, воената служба ја укина во 2010 година, оценувајќи дека тоа не е добар начин за создавање модерна војска, пренесува Танјуг.
- Се надевам дека ќе го најдеме вистинскиот начин на постојан, функционален и посилен начин на регрутирање, истакна министерот за одбрана Петер Хултквист.
Новата политика ќе се однесува за момчињата кои се родени по 1999 година.
Се очекува дека по 2018 година, годишно ќе бидат повикувани по околу 4.000 момчиња.
Министерот за одбрана нагласи дека бројот на доброволци не е доволен за да се одржи задоволителниот квалитет на воената подготовка.
Оваа одлука треба да ја усвои и шведскиот Парламент, а се очекува дека левичарската Влада ќе добие поддршка од опозицијата на десниот центар.
Ново на Сител
-

Нацрт – предлог на ЕУ – за Албанија “патокази, за Македонија економски придобивки“
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амабасадор во Софија
-

Мицкоски: Владините мерки за поевтини горива ќе чинат над 100 милиони евра, можен втор ребаланс
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови детали од планот на Фон Дер Лајен
-

Продапна уште еден обид за деблокада на реформите во Изборниот законик
-

Директорот на “Историски музеј” Крушево поднесе оставка по реакциите за спотот во “Македониум”
-

„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција во Скопје
