Шведска со нота за рускиот амбасадор поради „обид за мешање во процесот на пристапување на земјата во НАТО
Шведското Министерство за надворешни работи соопшти дека ќе го повика рускиот амбасадор на разговор и ќе го изрази своето незадоволство поради „обидите за мешање“ во процесот на пристапување на Шведска во НАТО.
Финска и Шведска поднесоа барање за влез во НАТО во 2022 година како одговор на руската инвазија на Украина и се надеваат дека ќе го завршат нивниот процес на пристап оваа година.
Рускиот амбасадор во изјава објавена на веб-страницата на амбасадата рече дека со пристапувањето во НАТО, нордиските земји стануваат легитимна цел на руските одмазднички мерки, вклучително и мерки од воена природа.
Министерството за надворешни работи ќе го повика рускиот амбасадор и ќе му врачи протестна нота поради очигледниот обид за мешање (во процесот на пристапување во НАТО), изјави шефот на дипломатијата Тобијас Билсторм за новинската агенција ТТ.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори