Шведска и Финска утре заеднички ќе поднесат барање за членство во НАТО

Шведска и Финска утре заедно ќе ги поднесат своите барања за членство во НАТО, изјави денеска шведската премиерка Магдалена Андерсон.
„Во Шведска и Финска се согласуваме да одиме рака под рака низ целиот овој процес, а утре ќе поднесеме барања“, рече Андерсон на заедничката конференција со финскиот претседател Саули Нинисто во шведскиот главен град.
Финскиот парламент во вторникот гласаше за влез во НАТО со огромно мнозинство од повеќе од 95 отсто од гласовите, дозволувајќи му на Хелсинки да испрати формална апликација за членство до седиштето на Алијансата.
Финскиот Парламент денеска гласаше за влез во НАТО со огромно мнозинство од повеќе од 95 отсто од гласовите, дозволувајќи му на Хелсинки да испрати формално барање за членство до седиштето на Алијансата.
И шведската министерка за надворешни работи Ан Линде денеска го потпиша барањето на нејзината земја за членство во НАТО.
Иако Финска и Шведска се историски неутрални, руската инвазија врз Украина радикално го промени јавното мислење за приклучување кон воениот сојуз.
Со исклучок на Анкара, другите членки на НАТО ја поддржуваат кандидатурата на двете земји.
Ново на Сител
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка и меѓу нив тројца малолетници
-

Се реализираат активности за враќање на редот и достоинството на главниот град - велат од Град Скопје
-

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
-

17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
-

Серена и Венус Вилијамс ќе играат двојки на Вимблдон
-

Трамп: Русија треба да се согласи на договор со Украина
-

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7
-

Бебе оставено на клупа во парк во Шуто Оризари
