Шумскиот пожар кај Чернобил е на само пет километри од напуштената нуклеарка
На само пет километри од напуштената нуклеарна централа во Чернобил се приближи шумскиот пожар што со денови пустоши во евакуираната област во северна Украина.
Повеќе од 300 пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот со помош на хеликоптери и авиони кои фрлаат вода од воздух, јави Би-Би-Си.
Полицијата соопшти дека пожарот гори од 4 април, кога човек запалил сува трева во близина на таканаречената „забранета зона“ од 2.600 метри квадратни околу нуклеарната централа во Чернобил. Пожарот оттогаш се приближува до напуштената електрана.
Областа позната како „забранета зона“ е евакуирана во 1986 година, кога по експлозија во еден од четири реактори на нуклеарната централа, радиоактивни облаци покрија поголем дел од Европа. Најтешко погодената област беше во непосредна близина на електраната.
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија