Шумски пожари во Калифорнија, евакуација на 250.000 луѓе
Три масивни шумски пожари беснеат во северна Калифорнија. Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот, а речиси 250.000 луѓе се во процес на евакуација.
– Ова е еден од најмрачните периоди низ кои минуваме, изјави заменик-шерифот на Санта Круз, Крис Кларк.
Како што пренесуваат странските агенции, безживотното тело на 70-годишен маж, чие исчезнување беше пријавено минатата недела, е пронајдено во планините на Санта Круз, јужно од Сан Франциско. Тој е седма жртва на повеќе од 650 пожари во Калифорнија за една недела.
На терен има 14.000 пожарникари, 2.400 противпожарни возила и 95 авиони Канадери, кои постојано се справуваат со пожарот.
Според надлежните, сите пожари избувнале по удар на гром, кои од 15 август биле околу 12 илјади.
Условите се погодни за натамошно ширење на пожарот затоа што температурите се високи, влажноста е мала, грмотевиците се чести, а ветерот достигнува брзина и до 65 милји на час (околу 105 километри на час).
– Создадени се сите предуслови за ситуацијата овде да биде пеколна, предупреди Марк Брантон, командант на противпожарна бригада во Калифорнија.
Ново на Сител
-
Излезни анкети од изборите во Косово: ВВ на Курти 38,2%, ПДК на Красниќи 22,4%, ЛДК на Абдиџику 20,1%, ААК на Харадинај 7,6%
-
Трамп очекува Маск да открие злопупотреби во Пентагон вредни милијарди долари
-
Две лица од Долно Јаболчиште приведени за поседување оружје и муниција
-
Парламентарни избори во Косово: Одѕивот до 15 часот 23,38 отсто, не се забележани сериозни инциденти и нерегуларности
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење