Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско

Во Штип се одвива голема акција на Шумската полиција против дивата сеча, објави на својот Фејсбук профил, заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој напиша дека акцијата се спроведува од раните утрински часови.
- Со акцијата лично раководеше Митко Костадиновски, началникот на Шумската полиција на Македонија. Во оваа акција учествуваа шумски полицајци од ШПС Гевгелија, ШПС Валандово, ШПС Велес и ШПС Радовиш. Во акцијата на лице место се заловени поголема група дрвокрадци, за кои се поднесени соодветни пријави, одземени се повеќе возила кои се затекнати како превезуваат незаконски посечени дрва и други средства со кои е вршена незаконската сеча, вели Михаилов.
Тој додава дека се претпоставува дека станува збор за истите луѓе кои пред извесно време направија огромни штети на боровите култури во штипско.
- Акцијата за справување со дрвокрадците ширум цела Македонија ја продолжуваме со уште посилно темпо, напиша на својот фејсбук профил, Михаилов.
Ново на Сител
-

Генерал Мандон: Франција има само три години да се подготви за евентуален руски напад
-

Грчко МНР: Герапетритис и Мицкоски на средбата во Лондон се осврнаа на многу добрата клима во билатералните односи
-

Од утревечер повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни
-

По смртоносниот пожар, оставка поднесе директорот на Домот за пензионери во Тузла
-

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот
-

Новиот градоначалник на Њујорк вели дека ќе стави крај на „културата на корупција“
-

Затворањето на владата на САД станува најдолго во историјата
-

Љутков: Македонија останува посветен партнер во остварувањето на мисијата на УНЕСКО
