Шулц: Солидарноста во ЕУ е загрозена
Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц смета дека проблемите со мигрантите и со тероризмот покажале дека солидарноста во Европската унија е загрозена.
Тој истакнува дека во политиката на ЕУ долго владее идејата дека Европа низ кризи го зацврстува своето единство додека сега вистината изгледа – спротивно.
– Европа е заснована како заедница поврзана со заедничка солидарност. Државите членки се договориле да работата заедно. Сега преживуваме нарушување на солидарноста – прво во делови од општеството, а потоа и цели влади. Истовремено имаме два нови предизвика – миграцијата и тероризмот. Потоа, Велика Британија разгледува за напуштање на Унијата. Тоа би требало да биде доволен опис, вели Шулц во интервју за Шпигел.
Според него, Европа е насред тежок идеолошки судир што се води на континентот.
– На една страна се оние кои велат дека глобаните причини како што се миграциите и тероризмот не може да се решат со национален парохијализам. На друга се оние кои би сакале да видат ренесанса на националната држава, вели Шулц.
Во врска со малата солидарност тој нагласува дека во прашање е „драматична ситуација“.
– Во овој момент тоа звучи вака: Ние сме се обврзале да водиме заедничка политика, но тогаш националните влади велат – Ние не се обврзуваме ... Тоа е драматична ситуација бидејќи солидарноста е основен принцип што не може да се разбере доброволно. Ако имаме правила со кои никој не се придржува тогаш заедницата ќе се раздвои, додаде тој.
За него, квотите за мигрантите се добро решение, но постојат два проблема.
– Првиот е јасен: системот на квоти бара од државите да бидат подготвени да примат бегалци. И, друго – Што се случува кога квотата е исполнета? Дали би рекле на оние кои се загрозени: Жал ми е, но мораме да те вратиме назад?, наведува Шулц.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Велес, кај нив пронајдени пушка-артефакт, муниција
-
Претреси во Штип, пронајдена дрога, приведени две лица | ФОТО
-
Приведен германски државјанин на ГП Табановце, кај него е пронајдена дрога
-
Трамп: Си Џинпинг го одобрува договорот за ТикТок
-
Видео порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 80. годишнината од основањето на ООН
-
ОЈО: Три лица под сомненија за изнуда на пари од скопјанец
-
Во Белград претпладнево ќе се одржи воена парада
-
САД планираат да му продадат оружје на Израел во вредност од речиси шест милијарди долари