Шулц: Скандалозно е дека Камерон ќе ја напушти функцијата дури во октомври
Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц смета дека е скандалозно тоа што британскиот премиер Дејвид Камерон одлучил да поднесе оставка дури во октомври по изгласувањето Брегзит.
- Кога Камерон во 2013 година ја објави намерата да организира референдум за членството на Велика Британија во ЕУ, тој го зема под залог целиот континент поради своите тактички преговори, истакна синоќа германскиот социјалдемократ.
По вчерашната одлука за излез на Британија од ЕУ, Камерон објави дека поднесува оставка, нагласувајќи дека ќе ја напушти функцијата по изборот на нов лидер на конгресот на Конзервативната партија на почетокот од октомври оваа година.
- Повторно цел континент се држи како заложник поради внатрепартиските решенија на британската Конзервативна партија. партискиот конгрес може да се свика уште утре доколку постои добра волја, изјави Шулц.
Ново на Сител
-
Путин: Трамп направи многу за мирот
-
Израел: Хамас е поразен „секаде каде што се боревме против него“
-
Мерц најави помош од 29 милиони евра за Појасот Газа
-
МП: Венецијанската комисија даде позитивно мислење за предлог законите за јавно обвинителство и за Советот на јавните обвинители
-
ДИК одобри акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори
-
Коцевски со писмо до комората бара адвокатите да не го злоупотребуваат предметот Пулс
-
Двајца Срби пробале да шверцаат 23000 кутии цигари во земјава - добија парична казна и протерување од државата
-
Во август 280 одобренија за градење, од кои 179 за високоградба, предвидени 646 станови