Шулц го осуди Сименс за планот да отпушти 6.900 работници
Лидерот на германската Социјал-демократска партија Мартин Шулц денеска обвини дека планираното отпуштање на 6.900 работници од германскиот технолошки гигант Сименс е анти-социјална мерка.
Шулц зборуваше на собир на младинската организација на СПД каде го осуди потегот на Сименс, јави агенцијата БТА.
- Компанија која што соопшти дека заработила 6,3 милијарди евра и потоа отпушта 6.900 работници дејствува анти-социјално, а не социјално, изјави Шулц.
Сименс минатата недела најави дека ќе отпушти два процента од своите работници, од кои половината ќе бидат отпуштени од фабриките во Германија. Како резултат на тоа, илјадници германски работници во фабриките на Сименс организираа штрајк.
Директорот на Сименс Џо Кезер објави отворено писмо во весникот „Ханделсблат“ во кое го критикуваше Шулц за неговите популистички и
агресивни повици против Сименс, кои може да и наштетат на компанијата.
Ново на Сител
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите
-
Пожарите во Малешевијата ги десеткуваа пасиштата
-
Климатските промени ги намалија приносите на мед
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Андреј Петров