Штрајк во грчкиот транспортен сектор заради планирната приватизација
Вработените во двете најголеми грчки пристаништа денеска почнаа 24-часовен штрајк, информира електронското издание на грчкиот весник „Прото тема“.
Вработените протестираат против претстојната продажба на мнозинските делови во пристаништата во Пиреја и Солун. Тие бараат да запрат приватизациските процедури и овие евентуални продажби да се разгледаат со претставници на Владата, локалната администрација, политичките партии...
За денеска е планира протестна прошетка до зградата на Агенцијата за приватизација.
Против приватизацијата протестираат и вработените во железничкиот транспорт и метрото во Атина, соопшти телевизијата „Скај“. Поради штрајкот ќе има промени во возниот ред на возовите и градската железница. Метрото нема да сообраќа од 21 часот вечерва.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи