Штрајк со глад на мигранти на српско-унгарската граница
Група од 130 мигранти, кои тргнаа пеш од Белград и ноќеска стигнаа во близина на граничниот премин Хоргош на српско-унгарската граница, започнаа штрајк со глад, јави Танјуг.
Мигрантите, главно од Авганистан и Пакистан, но меѓу кои има и Ирачани и Иранци, се наоѓаат на околу 500 метри од транзитната зона на унгарската граница. Тие седат на земја и изјавија дека не сакаат да одат во импровизираниот камп. Претходно за нив беа подготвени околу 30 шатори.
Мигрантите истакнаа дека ќе останат тука до следната одлука и ќе пијат само вода, со цел да обрнат внимание на состојбата на бегалците ширум светот. Својот протест го нарекуваат „мирен марш“, нагласувајќи дека тие не се криминалци и очекуваат Унгарија да ги отвори границите за нив.
Од унгарската страна на границата забележани се зајакнати полициски и воени единици.
Во петокот околу 300 мигранти тргнаа пеш од Белград кон границата со Унгарија. Некои од нив се откажаа, а други поминаа дел од патот со воз или автобус.
Ново на Сител
-
Двојно убиство и самоубиство попладнево во Велес
-
Победа на Андријано Димишковски во осминафиналето денес
-
Русија планира изградба на 38 нови нуклеарни реактори
-
Трамп задоволен од средбата со Кинезите во Мадрид: Важниот состанок мина многу добро
-
Приведено лице од Битола за изнуда
-
Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината
-
Велосипедист застрелал 18-годишно момче во Чаир
-
Одложено денешното судско рочиште за предметот „Адитив“