Штрајк на косовското образование и на здравството
Обединетиот синдикат на образованието, науката и културата на Косово (СБАШК) и Федерацијата на синдикатите на здравството на Косово (ФСШК) денеска одржуваат штрајк во знак на револт поради одложување на примената на новиот Закон за плати од страна на косовскиот Уставен суд, јави дописникот на МИА од Приштина.
Двочасовен штрајк ќе се одржи во сите образовни институции, и тоа во детските градинки од 6.30 до 8.30, на сите универзитети од 8 до 10 часот и во сите основни и средни училишта во првите два школски часови во првата и во втората смена.
ФСШК објави дека денешниот штрајк на сите нивоа на здравството, со мото „Ги чекаме платите според новиот закон“, ќе трае од 7 до 15 часот и во тој период ќе се третираат само итни случаи.
Уставниот суд на Косово, на барање на народниот правобранител, ја одложи вчера за до 30 март идната година, примената на новиот Закон за плати, со кој се предвидуваше зголемување на платите на вработените во јавниот сектор.
Против оваа одлука на Уставниот суд реагираа и синдикатите на другите јавни сектори, меѓу кои и на полицијата и царините, кои исто така ја најавија можноста за штрајкови.
Ново на Сител
-
Ден на македонската револуционерна борба
-
Кандидатот за градоначалник на Скопје - Ѓорѓиевски посети дел од скопските општини
-
Мециновиќ ги најави плановите за следните активности
-
Медицинските сестри бараат закон со кој се регулира нивната дејност
-
Преглед на вестите од светот
-
10 годишно дете гризнато од глушец во скопски Капиштец
-
Скопските градоначалници ќе бараат помош од колегите во другите градови за да го соберат ѓубрето
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ