-->
-->
Што точно значи кратенката ОК
-->

Во секојдневната комуникација кратенката ОК е неизбежна, а настанала пред 177 години и значи „Се е во ред“.
Се рашири низ целиот свет и стана речиси универзална. Терминот за прв пат докажано е користен во пишување во првата половина на 19. век. Потоа, во 1839 година, во „Boston Morning Post“ кратенката ОК се појавила испечатена во форма која сите ја знаеме.
Иако се користела наместо изразот „all correct“, мода во тие години било да се пишуваат кратенките намерно погрешно, односно онака како што се читаат.
Постои можност ОК да доаѓа и од „By the Order of the King“ или „По наредна на кралот“, а некои сметаат дека кратенката првенствено е поврзано со прекарот ан американскиот претседател Мартин Ван Бурен, кој бил наречен „Old Kinderhook“.
ОК денеска е вообичаен низ целиот свет, но во некои земји треба да се биде претпазлив, затоа што за некои земји од Латинска Америка овој гест е вулгарени навредлив.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
-

ЈСП„Скопје“: Ќе се утврди причината за пожарот на автобусот, благодарност до возачот за брзата реакција
-

На ГП Табановце и ГП Блаце за излез од државата се чека до еден час
-

Општина Центар почна со расчистување диви депонии и наталожен отпад
-

Нема повредени во запалениот автобус на ЈСП „Скопје“ на Средно Водно, возачот спречил поголем пожар
-

Густ чад над Водно: Гори двокатен автобус
